Tuesday, 23 November 2010 16:41 Фудбал

Англија Жозе Мурињо го предупредува Карло Анчелоти да не ја прави истата грешка како и тој кога беше избркан од кормилото на Челзи.


Жозе Мурињо остави фантастично силен впечаток кај фановите на Челзи, тој беше миленик на публиката на Стемфорд Бриџ, а и самиот тој не ја криеше љубовта кон нив и кон клубот.

Сепак сопственикот, Роман Абрамович размислуваше поинаку, го избрка Мурињо иако Челзи ги живееше најуспешните денови во својата историја.

Абрамович мислеше дека парите можат да му гарантираат титула во Лигата на Шампионите, Мурињо до тогаш не успеа да му го донесе престижниот трофеј па на Португалецот му беше покажана излезната врата.

Тоа што не го направи со Челзи, го направи со Интер, а на патот до титулата ги елиминираше и Сините покажувајќи му на Абрамович дека погрешил.

Некои учат од грешките, но не и Роман Абрамович, отпуштањето на Реј Вилкинс во периодот кога на тимот му одеше одлично, веројатно е главната причина за драстичниот пад на Челзи во моментов.

Вилкинс беше миленик на навивачите, на Анчелоти, но рускиот газда реши да го отпушти, грешка која може да се покаже како клучна за успехот во оваа сезона.

Медиумите шпекулираат дека и Карло Анчелоти размислува за заминување откако неговото влијание врз одлуките кои се поврзани со тимот јасно се испостави дека е минорно.

Италијанецот ги демантираше таквите гласини, но Мурињо потсетува што му се случи него на клупата на Челзи.

"Кога го освоивме трофејот од ФА Купот во 2007 на Вембли, подигнав шест прста во воздухот за да ги означам шестте трофеи кои ги освоив со Челзи" - вели Мурињо.

"Имав шанса да заминам во Реал Мадрид тогаш, но реков не, одлучив да останам".

"Веројатно требаше да заминам тогаш. Одличив да останам, и четири месеци подоцна останав без работа".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...