Monday, 15 November 2010 16:01 Фудбал

Италија Масимо Морати негира дека Интер е во потрага на замена за Рафаел Бенитез и верува дека Шпанецот е способен да го врати тимот на победнички пат


Нероаѕурите се во мала криза откако вчера загубија на градското дерби со Милан.
По средбата претседателот на Интер, Масимо Морати беше бесен од играта што ја прикажа неговиот тим.

Морати денеска повторно разговараше со новинарите кои го пречекаа пред неговата семејна компанија Saras и претседателот на Нероаѕурите изрази надеж дека тимот ќе се подобри на следните натпревари.

Тој исто така ги отфрли шпекуалциите дека Интер веќе бара замена за Рафа Бенитез и верува дека Шпанецот е способен да го врати тимот на победнички патеки.

“И вчера кажав дека Интер не одигра добар натпревар, не само поради тоа што не победивме, туку и поради тоа што дербито не беше убаво.” – рече Морати.

“Ниту еден тим не успеа да го прикаже најдоброто. Имавме додатна можност кога бевме со играч повеќе но не видовме ништо специјално. Ситуацијата не е ужасна, но не е ниту одлична, бидејќи дерби си е дерби и треба да се одигра со поинаков менталитет.”

Морати исто така се сложува со фактот дека Интер наместо да се подобрува покажува полоши перформанси.

“Да, и јас имам ваква импресија, но исто така има и моменти во кои не можеме да побегнеме од пробелмите со повредите и другите елементи.”

“Доколку можеме да го избегнеме тој проблем, кој исто така е психолошки, можеби тимот ќе може да се изрази подобро.”

“Сите треба да ја наведнат главата, од тренерот до сите преостанати, така тимот ќе може да започне да работи.”

“Составот е добар, не е состав од пред 10 години, тоа е истиот состав од пред 3 месеци, и тоа сеуште е составот кој играше добро минатата сезона па имаме простор за подобрување.”

“Луѓето секогаш ми велеа дека составот на Интер е преголем, а сега состојбата е обратна.”

“Во секој случај, јас сум подготвен да разберам што може да се направи, но најпрво потребно е да разберам дали вреди да се направи тоа.”

“Дали Бенитез може да го врати тимот на победнички патеки? Секако дека е способен.”

“Тој беше одбран поради тоа што има големо искуство, смиреност и капацитет добро да ја заврши работата.”

“Секако дека не беше лесно за него да превзеде тим кој освои се, и да започне од почеток, но потребно е да го стори тоа.”

“Леонардо и Спалети се можни замени за Бенитез? Ајде да не се шегуваме.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...