Thursday, 19 March 2009 16:32 Фудбал
Фергусон го соопшти својот тим од соништата...

 

Сер Алекс Фергусон ги набројува најдобрите фудбалери со кои работел, играчите кои имаат место во тимот на соништата на Манчестер Јунајтед.

Сер Алекс Фергусон цели 22 години е на жешкото столче на Манчестер Јунајтед, шкотскиот стратег имаше привилегија да работи со голем број светски ѕвезди.
Тимот кој во моментов го има е негов трет најдобар кој го изгради, првиот беше тимот кој ја освои титулата во Премиер лигата во 1993 по пауза од 26 години, вториот оној од 1999та година кој во последните минути ја освои Лигата на Шампионите.
"Има толку многу одлични фудбалери" - изјави Ферги за New Stateman.
"Шмајхел и Ван дер Сар, двајца врвни голмани. Бекови, Денис Ирвин, Гери Невил, Евра и браќата Да Силва се одлични".
"Од централните дефанзивци треба да се споменат Стам, Стив Брус, Гери Палистер, Рио Фердинанд и Немања Видиќ. И Рони Јенсен беше одличен, тука би бил и Џони Еванс".
"Се прашувам во средниот ред кои фудбалери не би можел да ги изоставам од најдобриот тим?"
"Брајан Робсон сигурно. Рој Кин, Пол Сколс, Рајан Гигс. Никогаш не би ги изоставил од најдобрите".
"Кристијано Роналдо и Ерик Кантона исто така се фудбалери кои неможе да се изостават од најдобрите, тука е и Дејвид Бекам".
"За напаѓачите од каде да почнам, Ван Нистелрој, Енди Кол, Двајт Јорк, Солскер, Шерингам, како и Вејн Руни".
"Кога ќе погледнам низ времето сум имал среќа да работам со неверојатни фудбалери. И сега имам одлични играчи".
"Но никој од нив неможел да стане самиот голем. Се е поврзано со тимот. Јас можам да ги насочам, а тие се оние кои треба да ги извршат задачите".
Легендарниот менаџер на Јунајтед само жали што не успеал да го донесе Пол Гаскоњ на Олд Трафорд.

 

 

 

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...