Thursday, 11 November 2010 17:46 Фудбал

Италија Претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини незадоволен од случувањата во фудбалот во Италија, се повлекува и го става клубот на продажба.


По синоќешниот пораз од Милан, Зампарини изјави дека го напушта фудбалот.

"Заминувам, го продавам Палермо и дефинитивно го напуштам фудбалот" - изјави Зампарини за медиумите.

"Уморен сум веќе да бидам дел од ваквите случувања. Ја донесов мојата одлука".

"Сакам колку што е можно побрзо да се дистанцирам од фудбалот. Палермо е на продажба од сега".

"Мислев дека работите ќе се променат, но се останува исто".

Зампарини е гневен на судењето на натпреварот со Милан, на кој беа оштетени за два пенали.

Утринава Зампарини на официјалната страна на Палермо преку соопштение ја потврди својата одлука.

"Во потрага сум по советник, банка или некој друг да ми помогнат со продажбата на акциите кои ги имам во Палермо".

"Жал ми е напуштам една ваква фан база каква што е оваа во Палермо со која сум приврзан".

"Се разбира, новите сопственици ќе треба да бидат на ниво да гарантираат дека клубот ќе продолжи да функционира како голем клуб".

"Се се сведува на фактот дека се чувствувам победено од страна на лажните вредности во светот на спортот, каде што со економската и со силата на медиумите три-четири тима доминираат и сакаат Скудетото да биде помеѓу нив".

"Уморен сум да се борам, се надевам дека клубот ќе го оставам на млади луѓе со ентузијазам кој ќе се борат и ќе го направат она што не можев јас да го сторам: да го вратиме фудбалот назад во спортот и да ги воспоставиме вистинските вредности, спортската лојалност и еднаквост па да можеме рамноправно со исти оружја да се бориме за тоа кој ќе биде најдобар" - стои во соопштението потпишано од Зампарини.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...