Monday, 08 November 2010 17:16 Фудбал

Англија Менаџерот на Тотенхем, Хари Реднап вели дека трансфер шпекулациите нема да го вознемират Герет Бејл


По двете извонредни партии против Интер во Лигата на Шампионите, Герет Бејл е во вниманието на медиумите и трансфер шпекулациите.

Гигантите од Шпанија, Барселона и Реал Мадрид, заедно со уште многу големи клубови од Европа, како Интер, Милан и Манчестер Јунајтед се поврзуваат со мега трансфер на интернационалецот од Велс.

Реднап повторува дека Спарс немаат намера да го продадат Бејл и стратегот додава дека не очекува трансфер шпекулациите да ја вознемират поранешната ѕвезда на Саутемптон.

“Доколку некој дојде и достави некоја луда понуда, никогаш не се знае што ќе се случи, нели?” – рече Реднап за Sky Sports News.

“Но сигурно дека Бејл не е фудбалер што сакаме да го продадеме.”

“Сакаме да ја изградиме иднината околку него и сакаме тој да биде значаен дел од нашиот иден тим.”

Запрашан дали трансфер шпекулациите можат да го одтргнат фокусот на играчот, Реднап рече. “Не, тој нема да биде вознемирен бидејќи е скромно момче, кое никогаш не лета во облаци и трансфер шпекулациите нема да го променат.”

Се шпекулира дкеа Тотенхем ќе му понуди нов договор на Бејл и покрај тоа што неодамна интернационалецот од Велс ја продолжи верноста.

“Претседателот е тој што се грижи за овие работи, за финансискиот дел.”

“Тој ги прави договорите со играчите, со агентите, со другите клубови.”

“Доколку Герет Бејл не е задоволен од договорот, тој и неговиот агент ќе разговарат со Дениел Леви, не со мене.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...