Thursday, 04 November 2010 15:55 Фудбал

Шпанија Диего Форлан вели дека е среќен во Атлетико Мадрид, и потврдува дека немал сериозни понуди од големите клубови по завршувањето на Светското првенство.


31-годишниот Диего Форлан беше прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство во Јужна Африка.
Минатиот месец Форнал за Sky Sports News изјави дека би го напуштил Атлетико доколку дојде вистинска понуда од голем клуб.

Но во интервју за France Football вели дека е среќен во Атлетико Мадрид.

"Атлетико Мадрид е клубот кој ми понуди се што ми требаше. Среќен сум тука" - вели Форлан.

"Искрено, не добив конкретна понуда по завршувањето на Светското првенство".

"Го искусувам најдобриот период од мојата кариера. Пример немав такво чувство на 22 години".

"Во тоа време играв за Манчестер Јунајтед и немав многу можности да играм. Но иако мојата ситуација не беше најдобра, таму научив многу работи. Денес на 31 година играм во врвна форма".

"Кога дојдов во Манчестер Јунајтед, потребно беше да играм за да се адаптирам, но влегував само од клупата по 5-10 минути, па тешко беше да се адаптирам".

"Кога се преселив во Виљареал, добив можност да ги презентирам моите квалитети и да се адаптирам на теренот не на клупата како што беше во Манчестер".

"Како и да е, не се сомневам дека искуството во Англија ми помогна за понатамошниот дел од кариерата".

"Научив многу работи од Сер Алекс Фергусон, начинот на кој тој го подготвува тимот за натпреварите, начинот на кој тоа им го презентира на играчите, начинот на работа, неговите квалитети како човек, никогаш нема да ги заборавам тие две и пол години поминати таму".

Форлан е еден од 23те фудбалери кандидати за Златната Топка, но вели дека признанијата ги сваќа како колективни, не лични.

"Наградата Најдобар Фудбалер на Светското Првенство ја доживеав како колективно признание".

"Луѓето во Уругвај ја прославија на тој начин, како трофеј за земјата. Среќен сум што сум кандидат за трофејот Златна Топка, тоа е големо признание, почестен сум што сум на оваа листа".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...