Thursday, 04 November 2010 15:52 Фудбал

Италија Претседателот на Интер, Масимо Морати признава дека Берет Гејл е одличен фудбалер но негира дека тој е подготвен да плати луда сума за ангажман на Велшанецот


И покрај тоа што Тотенхем во неколку наврати негираше дека Герет Бејл не е на продажба а и самиот играч најави дека планира да остане на Вајт Харт Лејн, медиумите силно шпекулираат за иднината на интернационалецот од Велс.
Денешните шпекулации кои се појавија говореа за различни суми за кои би можел да биде релизиран трансферот на Бејл а различни весници од различни држави шпекулираа со суми од 40 до 60 милиони евра.

Интер е помеѓу клубовите кои го посакува Герет Бејл, но Масимо Морати негира дека е подготвен да плати луда сума за да ја донесе ѕвездата на Тотенхем на Џузепе Меаца.

“Бејл? Секако дека тој одигра добро на двата натпревари, и во Милано и во Лондон.” – рече Морати.

“Се работи за силен фудбалер, некои го познаваа и претходно... не знам. Тој одигра одлично.”

“Се шпекулира дека јас сум подготвен да направам луд потег за ангажман на Бејл? Тоа го велите вие медиумите, но воопшто не е таков случајот, нема да правиме луди работи за да го ангажираме.”

Запрашан за перформансите на Интер на Вајт Харт Лејн, Морати рече: “Не беа добри. Имаше недостаток на карактер и игра. Нашиот пристап беше погрешен.”

“Потребно е да разбереме зошто одигравме така бидејќи на овој начин не можеме да ги оствариме целите.”

“И во минатото ни се случувало нешто слично, има времиња кога е потребна поголема концентрација за да одиграме подобро.”

Запрашан дали вчера се поздравил со Жозе Мурињо, тренерот кој минатата сезона на Интер му ја донесе историската круна, Морати одговори: “Не, вчера не бев во Милано.“

Медиумите шпекулираат дека Марко Матераци и Зинедин Зидан вчера се смириле по недоразбирањата а претседателот на Интер само кусо одговори: “Конечено.“.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...