Tuesday, 02 November 2010 16:57 Фудбал

Германија Според Германскиот Bild играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајгер воопшто не брза со преговорите за продолжување на верноста


Швајни е под договор со Баварците до 2012 и се шпекулира дека многу клубови, меѓу кои Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Челзи и Интер ќе се обидат да го ангажираат играчот по крајот на сезоната.

Доколку германскиот интернационалец не ја продолжи верноста со Баерн, неговата вредност следното лето ќе биде драстично намалена.

Ули Хенес, претседателот на Баерн, вчера им порача на сите клубови дека воопшто нема да биде лесно Швајнштајгер да се одтргне од Алианц Арена и додаде дека тие нема да штедат пари околу новиот договор на фудбалерот.

Но според денешното издание на Bild, Швајнштајгер воопшто не се брза со преговорите за новиот договор.

Весникот говори дека Швајни веќе ја известил управата на клубот дека до крајот на оваа година нема да има преговори за продолжување на соработката и тој ќе се фокусира само на своите перформанси.

Се говори дека целта на играчот е триумф во Лигата на Шампионите, па од таа причина Швајни сака да види каков ќе биде развојот на тимот и како во следните месеци Баерн ќе се засили.

Bild вели дека најверојатно ниту зимската пауза во Бундеслигата нема да биде искористена за преговори помеѓу Швајнштајгер и Баерн Минхен.

Но весникот додава дека во моментот кога германскиот интернационалец ќе биде подготвен за преговори, управата на Баерн ќе му понуди договор исто како оној на Франк Рибери вреден околу 10 милиони евра годишно.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...