Tuesday, 02 November 2010 16:54 Фудбал

Лига на Шампиони Според пишувањата на медиумите од Холандија и Англија, добрите пријатели Рафаел ван дер Варт и Весли Снајдер веќе ја започнале пресметката Тотенхем-Интер на Твитер


Двајцата интернационалци на Холандија добро се познаваат бидејќи како деца заедно започнаа да тренираат во академиите на Ајакс.

Дуото вечерва на Вајт Харт Лејн ќе се сретне во натпревар од Лигата на Шампионите но според извештаите што пристигаат, Ван дер Варт и Снајдер ја загревале атмосферата преку комуникација на Твитер иако во пораките е користена голема доза на шега.

Снајдер ја започнал битката со порака до Ван дер Варт: “Го чистам трофејот од Лигата на Шампионите со дрес од Тотенхем.”

Но Ван дер Варт одговорил: “Благодарам што ќе го исчистиш за мене. Јас веќе правам простор во шкафот со трофеи.”

Снајдер потоа испратил уште една порка: “Ќе ви дадеме лекција по фудбал во Лондон.” а одговорот на Ван дер Варт бил: “Ја сретнав вашата одбрана во Милано. Ми изгледаше како Швајцарско сирење.”

Но плејмејкерот на Интер се обидел да возврати со иста мера па напишал: “Проанајдов добар голман на Ибеј. Дали да ти го пратам линкот?”. На ова Варт одговорил: “Не ни е потребен, Интер нема да влезе во нашиот шеснаесетник!”

Снајдер исто така ја искористил оваа прилика да го искритикува фудбалот во Англија.

“Во таа земја фудбалот е игра во која треба да трчаш што е можно повеќе од едниот до другиот дел на теренот, нели?.... Добар погодок, но дури и мојот шестгодишен братучет ќе дадеше таков погодок (погодокот на Ван дер Варт против Евертон од пред гол-линијата).”

И Ван дер Варт одговорил: “И ваквите погодоци се важат но на Вајт Харт Лејн против вас ќе постинувам погодок од секој агол.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...