Monday, 01 November 2010 15:31 Фудбал

 

Германија Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес вели дека тие планираат да го задржат Бастијан Швајнштајгер и со цел да успеат во тоа нема да штедат пари

Германскиот интернационалец има договор со Баварците до 2012 и неколку клубови веќе пројавија интерес да го ангажираат играчот следното лето.

Доколку Швајнштајгер не го обнови договорот, по крајот на сезоната неговата цена драстично ќе се намали.

Но претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес вели дека нивната намера е да го задржат Швајни и за таа цел, бордот на директори нема да штеди пари.

“Бастиан секако дека знае што има тука.” – рече Хенес за LIGA togal телевизијата.

“Не се работи за тоа тој да потпише нов договор за бенефиции. Доколку на нашите момци им се потребни повеќе пари од бордот, тогаш тие ќе го добијат тоа.”

“Нема да штедиме бидејќи точно знаеме колку тој е важен за нас.”

Реал Мадрид, Челзи, Манчестер Јунајтед и Интер се клубовите за кои медиумите шпекулираат дека би можеле да го ангажираат Бастијан Швајнштајгер.

Но Ули Хенес испрати предупредување до сите заинтерсирани страни дека Баерн нема лесно да се откаже од Швајнштајгер.

“Момците од Реал Мадрид се обидоа да го ангажираат Франк Рибери и се што добија е раскрварен нос.”

“Сите во Европа треба да почнат да учат што значи да се преговара со Баерн Минхен, и дека воопшто не е лесно да се ангажира наш фудбалер.”

Ваквите зборови на Хенес дојдоа по изјавата на Швајни за Sunday Times во која играчот призна дека е привлечен од Премиер Лигата.

“Ми се допаѓа брзината на темпото на фудбалот во Англија но не знам што ќе се случи со мене. Имам договор до 2012 па ќе видиме.” – рече Швајнштајгер.

“Она што го сакам е атмосферата на стадионите во Англија. Кога играавме против Манчестер Јунајтед минатата сезона, беше фантастично.”

“Мојот брат е голем фан на Манчестер Јунајтед и секогаш ми вели ’Оди во Јунајтед, Оди во Јунајтед’. Јас велам, ’Не можам, не можам’. Ги гледам натпреварите од Англија на ТВ и во овој момент ми се допаѓа играта на Челзи. Тие се многу силни.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...