Tuesday, 26 October 2010 11:10 Фудбал

Англија Сер Алекс Фергусон сугерира деака неговиот наследник во Манчестер Јунајтед треба да има големо искуство


Успешниот Шкот наскоро ќе слави 24 години на Олд Трафорд и сеуште не дава индикации за тоа кога планира да се пензионира.
Минатата недела воопшто не беше лесна за Сер Алекс и можеби беше еден од најтешките моменти на Фергусон во Јунајтед, откако се случи трансфер сагата на Вејн Руни.

Стратегот минатиот вторник откри дека Вејн Руни уште во август им соопштил дека нема да го продолжи договорот и активно бара да замине од Манчестер Јунајтед, но во петокот се случи драматична пресвртница и напаѓачот се сложи на нов петгодишен договор.

Менаџерот на ’Црвените Ѓаволи’ чувствува дека неговото искуство било клучен фактор за разрешување на ситуацијата и затоа верува дека млад менаџер не би можел да го превзеде кормилото на клубот.

“Мислам дека не е потешко за менаџерите да се справуваат со тоа – јас само имам корист од тоа што долг период сум дел од клубот.” – рече Фергусон за Sirius XM.

“Имам искусено многу работи што се случуваат и во минатото имало случаеви кога сум го правел ова.”

“Кога сте менаџер на нашиот клуб, потребно е да имате цврста личност која ќе може да се справи со сите проблеми и беше потребно ние да бидеме цврсти во текот на изминативе години.”

“Тоа е работа што бара многу искуство и многу искуство на топ ниво од играта.”

“Тоа е нешто за во иднина, да бидам искрен мислам дека Манчестер Јунајтед не може да има менаџер кој ќе биде млад. Но во моментов ние имаме корист од мојот 24 годишен престој во клубот, па за среќа со тоа можеме да се справуваме со проблемите.”

“Во Манчестер Јунајтед, никогаш не можете да бидете изненадени. Секогаш нешто се случува во овој клуб и тука секогаш имате работи со кои треба да се справите.”

“Не може да се негира дека минатата недела имавме многу публицитет во кои не уживавме, но потребно е да се справите со вакви ситуации и мислам дека ние се справивме со ситуацијата многу добро.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...