Saturday, 23 October 2010 17:46 Фудбал

Италија Рафа Бенитез вели дека Сампдорија е опасен тим и додава дека Интер утре ќе го очекува мошне тежок натпевар


Стратегот на Интер денеска говореше од редовната прес-конференција во пресрет на утрешниот дуел со Сампдорија на Џузепе Меаца.
Рафа се соочува со мали проблеми откако не може да смета на услугите на Диего Милито, Тиаго Мота и Дејан Станковиќ.

Македонскиот интернационалец Горан Пандев се најде во списокот од 20 фудбалери што ги повика Бенитез и тренерот на Интер вели дека Пандев има добри шанси за настап против Сампдорија.

“Жалам поради повредата на Станковиќ бидејќи му одеше навистина добро.” – рече Рафа.

“Не знам кога тој ќе се врати. Добро е тоа што тој веднаш застана штом почувствува болка.”

“Милито се подобрува секој ден и мислам дека би можел да биде на располагање следната недела.”

“Тиаго Мота е добро. Тој тренираше денеска но јас преферирав да не ризикуваме.”

“Проблем со Пандев? Нема никаков проблем. Тој е повикан и има шанси да игра утре.”

Бенитез потоа продолжи: “Сампдорија е организиран тим со двајца многу опасни напаѓачи, па ќе биде тешко утре. Тие ќе се бранат добро и ќе се обидат да не изненадат преку контра-напад.”

“Нема да биде лесно да се пронајде правилниот простор но ние ќе го дадеме најдоброто.”

“Касано? Очекував прашање за него. Тој е квалитетен фудбалер. Ми кажаа дека тој го сака Интер многу. Касано може да игра во секој тим, но е среќен во Сампдорија.”

Минатата сезона кога Интер ја пречека Сампдорија, Нероаѕурите го завршија натпреварот со двајца играчи помалку а Мурињо го направи познатиот гест лисици.

“Никогаш нема да ме видите како правам нешто такво. Можно е да ги извадам очилата, но не лисици.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...