Saturday, 23 October 2010 17:36 Фудбал

Англија Според пишувањата на медиумите од Англија, Вејн Руни ќе заработува околу 150 000 фунти неделно но има и шпекулаци кои велат дека неделната плата на напаѓачот ќе биде фантастични 250 000 фунти


Главна вест вчера беше пресвртницата во трансфер сагата на Руни и новиот петгодишен договор на кои се сложи англискиот интернационалец.
Манчестер Јунајтед не излезе со конректни детали од договорот што е постигнат со напаѓачот па медиумите си излегоа со свој калкулации за тоа колку ќе заработува во иднина Руни.

Поголемиот дел од весниците говорат дека Руни ќе има неделна плата од 150 000 фунти со што ќе биде фудбалерот со најголеми примања во историјата на Манчестер Јунајтед.

Но има и весници кои секогаш сакале да пласираат бомбастични вести па објавија нешто сосема поинакво.

Така Daily Mirror објави дека пегодишниот договор на Руни е вреден околу 60 милиони фунти односно напаѓачот ќе добива фантастични 250 000 фунти неделно со што ќе стане најскапо платениот фудбалер во Премиер Лигата но и во светот на фудбалот.

Со идентична бројка за платата на Руни излезе и The Sun, кој објави дека новиот петгодишен договор на англискиот интернационалец би можел да го чини Манчестер Јунајтед 65 милиони фунти.

Но весникот вели дека основната плата на Руни ќе биде 160 000 фунти неделно а со бонуси и други награди таа може да се искачи и до 250 000 фунти.

Покрај тоа што Руни има голем финансиски ќар од новиот договор, економски бенефиции ќе има и Сер Алекс Фергусон, кој ќе добие солиден трансфер буџет за ангажман на нови лица.

И тука различни медиуми говорат за разлилни бројки, па според натписите трансфер буџетот на Ферги ќе се движи од 50 до 80 милиони фунти.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...