Saturday, 16 October 2010 18:16 Фудбал

Англија Роберт Пирес цели кон обезбедување договор со клуб од Англија откако се врати во Лондон на тренинзи со Арсенал


Пирес е слободен агент откако во мај Виљареал му соопшти дека неговиот договор нема да биде обновен.
Откако помина шест успешни години со Арсенал, на почетокот од овој месец тој беше поканет да тренира со својот поранешен клуб.

Французинот, кој овој месец ќе наполни 37 години, е благодарен на шансата што му ја укажаа ’Топџиите’ и се надева дека ќе најде нов клуб во блиска иднина.

“Поминав шест убави години во Арсенал. Лондон стана мој дом и знаев дека ќе се вратам тука.” – рече Пирес за L’Equipe.

“На професионално ниво, можам да замислам како ја продолжувам мојата кариера тука.”

“Арсенал ми понуди да тренирам и мислам дека не можам доволно да му се заблагодарам на Арсен Венгер.”

“Работам со резервниот тим и понекогаш со професионалната група, што е навистина перфектно.”

И додека Пирес признава дека ќе се пензионира во јануари доколку до тогаш не најде нов клуб, играчот од средниот ред верува дека може да игра фудбал уште неколку години.

Негова преферирана дестинација е да остане во Англија и е отворен кон понуди од амбициозни тимови од Премиер Лигата како и од Квинс Парк Ренџерс, тим од Чемпионшип Дивизијата.

“Англија најверојатно е местото каде што имам најголеми шанси за пронаоѓање нов клуб.”

“Во Англија, луѓето не гледаат на вашите години. Во Шпанија не беше така, и поради тоа требаше да кажам збогум.”

“Дали сум заинтересиран за клубови како Бирмингем и Стоук? Секако, доколку имам можност да играм во Астон Вила веднаш ќе ја искористам.”

“КПР? И тие се привлечна опција. Не е морално договорот да биде само на шест месеци. Можам да замислам како играм и подолго.”

“Ќе си дадам рок до 31 јануари да пронајдам нов клуб. Доколку до крајот на зимскиот трансфер пазар не најдам нов клуб, ќе се пензионирам.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...