Saturday, 16 October 2010 18:14 Фудбал

Англија Михаел Есиен вели дека е време да му се оддолжи на Челзи за трпението кои го покажаа Сините со неговата повреда.


Есиен во одлична форма ја стартуваше новата сезона, интернационалецот од Гана е стрелец и на три гола во досегашниот дел од сезоната.
Интернационалецот на Гана долго време се опоравуваше од повредата на лигаментите, пропуштајќи многу натпревари во минатата сезона

Есиен верува дека со своите игри треба да му се оддолжи на Челзи за трпението кое го имаше клубот со неговата повреда.

"Ваков вид на повреди лесно можат да стават крај на вашата кариера. Среќен сум што повторно играм и му благодарам на Бога што е тоа така" - вели Есиен за Sun.

"Мојата иднина како играч беше ставена под ризик, заздравувањето беше многу тешко бидејќи имаше многу моменти кога немав јасна слика кога сето тоа ќе заврши".

"Но, никогаш не размислував за напуштање на фудбалот. Јас сум војник и не се предавам".

Есиен иако беше повреден, Челзи му понуди нов договор, па соработката беше продолжена.

"Мислам дека сум среќен човек. Никогаш претходно не сум видел на фудбалер кој паузира шест месеци, додека е надвор од теренот да му биде понуден нов договор".

"Тоа значи дека тие имаат голема доверба во мене кога сум фит. Многу сум среќен што е тоа така. Мислам дека треба со моите перформанси да му се оддолжам на клубот".

"Возбуден сум, почетокот на сезоната е одличен за мене и за тимот, со исклучок на поразот од Манчестер Сити".

Есиен се вклучи и во дебатата за острите стартови во фудбалот, а му се заблагодарува и на Карло Анчелоти кој го вади најдоброто од него.

"Фудбалот е спорт со контакти, но има разлика помеѓу цврста и насилна игра. Играм цврсто и мислам дека по мојата прва година во Премиер лигата сите ме прифатија мене и она што го правам".

"Мислам дека Карло Анчелоти тотално го промени мојот стил на игра. Ми даде поголема слобода, сега имам повеќе шанси за постигнување гол и се чувствувам покомфорно на теренот од било кога".

"Тој е фантастичен, не само поради тоа што ја освои Премиер лигата, туку и поради неговиот однос со фудбалерите".

"Повторно сме фаворити за титулата во Премиер лигата. Трката ќе биде интересна, но ние уште од првиот ден ги потврдивме нашите аспирации за титулата".

Есиен беше запрашан и за иднината.

"Имам многу предизвици, освојување на Лигата на Шампионите, освојување на Светско првенство".

"Дали ќе бидам тренер? Не знам, но фудбалот е мојот живот уште од најрани години" - заврши Есиен.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...