ВИЦ

Мозок и Перо

Одат двајца пријатели во кафич. Едниот Мозок а другиот Перо. Кога дошле Мозокот му вика на Перо дека оди да се измокри кај едно стебло. За тоа време полицијата доѓа во конторла, па го прашува Перо:
- "Како се викаш??"
- "Што ви е гајле, глупаци!"
- "Како се осмелуваш? Кај ти е мозокот???"
- "Еве го надвор мокри кај едно стебло!!!"

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Saturday, 09 October 2010 17:10 Фудбал

Шпанија Играчот од средниот ред на Барселона, Чави вели дека добро се опоравува од повредата на Ахиловата тетива и се надева дека ќе може да настапи на дуелот со Валенсија


Шпанскиот интернационалец по дуелот со Рубин Казан реши да направи мала пауза откако откри дека подолго време оваа сезона играл со болки.

Чави беше изоставен од составот на Шпанија за квалификациските натпревари за ЕВРО 2012 и играчот веќе го пропушти дуелот помеѓу Барселона и Мајорка.

Во интервју со официјалната веб страна на Барселна, Чави откри дека сега се чувствува подобро и се надева дека ќе може да се врати на терените за дуелот со Валенсија кој на 16ти октомври се игра на Камп Ноу.

“Во моментов се чувстувам подобро.” – рече Чави. “Но доста време страдав и играв со прилично голема болка.”

“Докторите знаеа, јас знаев, но имаше големи натпревари и сакав да бидам дел од тимот. Јас секогаш сакам да играм но на крајот болката беше неподнослива.”

“По дуелот со Рубин Казан разговарав со Дел Боске и Пеп. Мислам дека ова беше добар момет за одмор. Би можел да одморам до 20 дена и ќе видиме дали ќе може да исчезне болката што ја чувствува.”

Запрашан дали ризикувал со посериозна повреда да го пропушти поголемиот дел од сезоната, Чави рече: “Да, секогаш стравувате дека можете да ја скинете Ахиловата тетива и да ја пропуштите цела сезона.“
 
“Но јас сакав да го превземам ризикот. Јас бев желен да му помогнам на тимот. Ништо страшно не ми се случи но беше време да одморам.”

“Кога би можел да се вратам? Јас сум оптимист, сакам да размислувам позитивно и се надевам дека ќе играм против Валенсија.”

“Докторите и физиотерапефтите се тие што треба да кажат дали ќе играм против Валенсија, па ќе видиме како ќе се опоравувам од повредата.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...