Wednesday, 06 October 2010 11:20 Фудбал

Англија Њукасл побара од Фудбалската Асоцијација да превземе санкции кон Нигел де Јонг за стартот на играчот по кој Атем Бен Арфа заработи двојна скршеница на ногата


Играчот од средниот ред на Манчестер Сити со својот старт му нанесе на плејмејкерот на Њукасл скршеница на тибиата и фибулата во воведните минути од натпреварот на двата клуба што во неделата се одигра во Истлендс.
Бен Арфа потоа беше експресно опериран и на францускиот интернационалец сега му претстои пауза до март.

Судијата Мартин Еткинсон во тој момент воопшто не го санкционираше Де Јонг за стартот, нешто што го налути менаџерот на Њукасл, Крис Хатон.

Поради тоа Њукасл сега испрати писмо до Фудбалската Асоцијација во кое бараат ФА да превзеде санкции кон Де Јонг.

Соопштението на Њукасл гласи: “Њукасл Јунајтед денеска напиша писмо до Фудбалската Асоцијација во врска со стартот на Нигел де Јонг од Манчестер Сити врз Атем Бен Арфа, на дуелот од Премиер Лигата што се одигра во неделата, кој резултираше со скршеница на тибиата и фибулата на левата нога на Бен Арфа.”

“Клубот побара од ФА за превземање на соодветна акција кон Де Јонг за стартот, кој според мислењето на клубот, беше непотребен и груб.”

Де Јонг, кој помина неказнето откако на финалето од Светското Првенство со нога го удри Чаби Алонсо во гради, веќе беше изоставен од составот на Холандија поради инцидентот.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...