Wednesday, 06 October 2010 11:15 Фудбал

Шпанија Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо признава дека жали што не ја добил шансата привремено да биде селектор на Португалија


Португалија сакаше ’Специјалниот’ привремено да го предводи националниот тим на следните два натпревари од квалификациите за ЕВРО 2012, откако Карлос Квеироз доби отказ.
Но Реал Мадрид не даде зелено светло за ваквата операција и Жозе Мурињо вели дека сосема ја разбира позицијата што ја завземаа Кралевите.

Во писмо што беше објавено на веб страната на Португалската Асоцијација на Фудбалски Тренери, Мурињо исто така напиша дека два дена се чувствувал како селектор на Португалија и додава дека жали што не можел да и помогне на својата земја.

“Два дена јас се чувствував и мислев како селектор на Португалија.” – напиша Мурињо. “И ми се допадна тоа.”

“Но морам да признаам дека Реал Мадрид е гигантска институција, кој ’ме купи’ од Интер (Милано), ме плаќа, и не може да ризикува поради своите акционери и фанови.”

“Незамисливо е да му дозволите на тренерот да замине, дури и за неколку дена, и да се наруши работната концентрација и капацитет.”

“Овие околности направија да биде невозможна формализацијата на барањето да и помогнам на Португалија. Јас сум на кормилото на еден голем брод што не може да биде напуштен ниту една минута.”

“Сепак бев огорчен што не бев во можност да му помогнам на националниот тим.”

Фудбалската Федерација на Португалија откако ’доби корпа’ од Реал Мадрид, експресно се договори со Паоло Бенто за превземање на националниот тим.

Мурињо за новиот селектор рече: “Португалија сега има селектор и тој треба да биде признаен од сите како ’нашиот тренер’ и како ’најдобар’.“

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...