Friday, 01 October 2010 20:16 Фудбал

Англија Арсен Венгер потврди дека капитенот на Арсенал, Цеск Фабрегас нема да настапи на дербито со Челзи


Претходно менаџерот на Топџиите изјави дека шпанскиот интернационалец има 50-50 шанси за опоравување на време за дуелот со Челзи откако Цеск Фабрегас заработи повреда на тетивата зад коленото на дуелот со Сандерленд пред две недели.

Сепак на денешната прес-конференција, Арсен Венгер потврди дека капитенот на Арсенал нема да настапи на Стемфорд Бриџ.

Венгер рече: “Фабрегас не е фит за настап на овој натпревар исто како што ниту Мануел Алмунија не е фит.”

Венгер исто така откри дека Керон Гибс заработил повреда на листот на ногата на дуелот со Партизан па левиот бек ќе паузира околу три недели.

“Во вторникот повреда заработи и Гибс, кој го повреди листот на ногата па нема да настапи ниту за селекцијата на Англија. Тој ќе паузира од две до три недели.”

Венгер проговори и за ситуацијата на Томас Вермален, кој пропушти шест натпревари поради повреда на Ахиловата тетива.

“Тој не е блиску до враќање на терените. Тој сеуште има проблем со Ахиловата тетива.”

“Мислам дека не му е потребна операција но потребно е да паузира уште неколку недели. Опоравувањето се одвива споро.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...