Thursday, 30 September 2010 14:37 Фудбал

Англија Напаѓачот на Челзи, Дидие Дрогба вели дека ги сака големите натпревари, особено оној со Арсенал.


Во недела се игра големо дерби во Премиер лигата, Челзи на Стемфорд Бриџ го пречекува Арсенал.

Топџиите се тим кој особено му лежи на Дрогба, напаѓачот на Челзи вели дека има голема почит кон Арсенал и ги сака големите натпревари.

"Сакам да играм големи натпревари и сакам да играм против Арсенал" - изјави Дрогба за Sky Sports News.

"Од секогаш сум велел дека Арсенал е еден од моите омилени тимови".

"Кога играв во Франција, Арсенал беше посочуван како пример за нас бидејќи таму имаше многу француски фудбалери кои претходно играа во француската лига па заминаа во Премиер лигата во клубот каде што Французин е менаџер".

"Играњето против нив за мене значи многу".

Во минатото коло Челзи загуби од Манчестер Сити, Арсенал беше поразен од ВБА, но двата тима се рехабилитираа со сигурни победи во Лигата на Шампионите.

"Не се плашам дека против Арсенал можеме да го загубиме и вториот натпревар оваа сезона".

"Луѓето треба да знаат, и ние знаеме, дека понекогаш и ќе губиме на натпреварите".

"Но секогаш е добро да се победи, секогаш е подобро кога ќе победите".

На натпреварот против Сити, Дрогба беше изваден на 15 минути пред крајот, напаѓачот вели дека бил изненаден, но има голема почит кон Карло Анчелоти.

"Бев изненаден бидејќи во тој момент не очекував дека ќе бидам изваден".

"Но менаџерот секогаш одлучува и мислам дека имаше причини да го направи тоа, ја разбирам неговата одлука".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...