Wednesday, 22 September 2010 16:13 Фудбал

Италија Весли Снајдер преку својот Твитер соопшти дека не планира да се врати во Реал Мадрид и посака што поскоро да го продолжи договорот со Интер


Утрово агентот на холандскиот интернационалец навести дека е можно Весли Снајдер да се врати во Реал Мадрид.

Интер е во преговори со плејмејкерот за продолжување на договорот до 2015 но Сорен Лерби откри дека преговорите во моментов се во престој.

“Нема согласност околу финансиите. Ќе продолжиме со преговорите повторно кога Интер ќе биде отворен за тоа.” – рече Лерби.

“Весли сака да остане во Милано и тој е многу импресиониран од Морати кој му рече дека во иднина ќе биде предводник на тимот, но...”

“Секако дека Весли не замине од Реал Мадрид на добар начин, но сега таму е Мурињо и таму е поинаку.”

“Мурињо го запраша дали сака да се врати во Мадрид.”

Но на својот Твитер профил, Весли Снајдер соопшти дека не планира да се врати во Реал Мадрид и додаде дека посакува што поскоро да го обнови договорот со Интер.

“Во преговори сме за продолжување на договорот бидејќи јас сакам да останам во Милано.” – напиша Снајдер.

“Се надевам дека ќе можам многу наскоро да ставам потпис на новиот договор.”

“Ја исклучувам можноста да се вратам во Реал Мадрид бидејќи не ги имам заборавено работите што ми се случија таму.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...