Saturday, 18 September 2010 14:05 Фудбал

Шпанија Напаѓачот на Барселона, Давид Виља верува дека тој нема да има проблеми да се прилагоди на Камп Ноу бидејќи клубот има силна конекција со националниот тим на Шпанија


Виља ова лето се пресели од Валенсија во Барселона во трансфер вреден 40 милиони евра.

По одличните перфорнаси на Светското Првенство каде што Шпанија стигна до златото, Виља продолжи со добрата форма и во дресот на Барселона постигнувајќи два погодоци на три натпревари.

Во интервју за The Guardian напаѓачот вели дека тој никогаш не стравувал од можноста да му треба долго време за прилагодување на Камп Ноу бидејќи во составот на Барселона има седум фудбалери со кој тој настапуваше во Јужна Африка.

“Имам многу среќа бидејќи поголемиот дел од фудбалерите ги познавам од репрезентацијата а го познавам и стилот на игра бидејќи слично играме и во националниот тим.” – рече Виља.

“Се чувствувам многу горд што сум роден во оваа извонредна генерација на фудбалери. Играме заедно долго време па со поголемиот дел од фудбалерите сме како семејство.”

“Системот е стандарден за нас, го пракикуваме многу години и може да се види колку уживаме во играњето фудбал.”

“Се чини дека е автоматски начинот на кој додаваме и начинот на кој напаѓаме.”

Шпанија и Барселона добиваат многу пофалби за офанзивниот стил што го применуваат и убавиот фудбал за око што го играат и Виља верува дека многу тимови ќе се обидат да го применат тоа.

“Со Барса и Шпанија гледаме дека многу тимови се обидуваат да го реплицираат и имитираат нашиот стил.”

“Многу тимови се обидуваат да играат како нас – да го имаат поседот на топката, да го менуваат сопствениот стил. Верувам дека во иднина многу тимови ќе гледаат на нас како референтна точка и тоа е нешто што не прави горди.”

Запрашан за трансферот на Цеск, кој ова лето повторно силно се поврзуваше со преселба во Барса но на крајот остана во Арсенал, Виља рече: “Барселона е во срцето на Цеск, порано или подоцна тој ќе се врати на Камп Ноу.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...