Saturday, 18 September 2010 13:56 Фудбал

Англија Сер Алекс Фергусон сугерира дека Рафа Бенитез е виновен за лошата кампања што ја имаше Ливерпул минатата сезона


Менаџерот на Манчестер Јунајтед се подгвува за дуелот со вечниот ривал и Ферги проговри за финансиските проблеми со кои се соочува Ливерпул.

Тимот од Енфилд во моментов е на продажба со големи долгови кои беа земени од ко-сопствениците Џорџ Жилет и Том Хикс.

Но Фергусон запраша дали проблемите со кои се соочуваа ’Црвените’ минатата сезона кога завршија на седмата позиција во Премиер Лигата, се причина само поради недостатокот на пари.

“Не знам дали сегашната ситуација на Ливерпул има некаква врска со нивната финансиска позиција.” – рече Фергусон.

“Во последно време тие трошеја многу пари на играчи, многу повеќе од Манчестер Јунајтед. Тие имаа голем состав на фудбалери, па не знам дали финансиската позиција има врска со лошата сезона.”

“Навистина не знам бидејќи не сум таму. Па не можам да судам какво е влијанието на овие работи.”

Бенитез потроши околу 240 милиони фунти во својот престој на Ливерпул а заработи околу 152 милиони фунти од продажба на играчи, доека во истиот период Фергусон купи фудбалери за околу 223 милиони фунти а од продажбата Јунајтед доби 165 милиони фунти.

И покрај големото ривалство помеѓу Јунајтед и Ливерпул, Фергусон вели дека тој секогаш имал голема почит за своите колеги од спротивната страна, и покрај промената на односот во времето на Бенитез.

“Никогаш не сум имал нешто лично. Потребно е да го испрашувате Бенитез не мене. Јас секогаш сум имал добар однос со менаџерите на Ливерпул.”

“Двата клуба секогаш ја адресирале ситуацијата соодветно по натпреварите. Но тоа се промени под водството на Бенитез, но тоа не е голем проблем за мене.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...