Saturday, 18 September 2010 13:52 Фудбал

Италија Поранешниот тренер на Милан, Леонардо вели дека претседателот на Росоњерите, Силвио Берлускони е како нарцис и одбива да ја отфрли можноста за преселба во Интер


Бразилецот ги помина последните 13 години во Милан како фудбалер, скаут на млади таленти, директор и на крајот беше тренер минатата сезона за изминатово лето да замине од клубот.

“Никогаш немаше да си заминам по 13 години поминати во Милан единствено поради тактички причини, особено сега кога Милан игра речиси на ист начин.” – рече Леонардо за La Gazzetta dello Sport.

“Јас ја донесов одлуката за заминување, откажувајќи се од едногодишна плата според мојот договор, за да заминам на најдобриот можен начин.”

“Јас си заминам поради некомпатибилност на карактер и стил. Овие се работите кои му ги кажав на претседателот. Нарцисот не сака ништо друго освен рефлексијата во огледалото од самиот себе.”

“Има нешто со Берлускони поради што работите не се добро. Невозможно е да ко-екзистирате покрај претседателот.”

“Тој има посебен стил на справување со работите и не знам зошто ме критикуваше толку многу при презентацијата на Масимилиано Алегри. Нешто не е во ред со тој човек.”

“Пред Алегри има напорна работа и се надева дека ќе ми биде дадено време и просто ра работа, во спротивно за една година Милан ќе биде во потрага на друг тренер.”

Запрашан дали во иднина може да работи во Интер, Леонардо одговори: “Го познавам Масимо Морати со години и секогаш сме имале одличен однос. Никогаш не се вели никогаш...”

“Милан беше многу за мене како фудбалер, директор и тренер. Во еден момент од мојот 13 годишен престој мислев дека клубот ќе биде моја вечност.”

“Но оваа година морав да се променам и да ги гледам работите со неутрални очи, не со оние на Миланиста.”

Леонардо потоа додаде: “Би сакал да работам во Англија, каде што улогата на менаџер ви дозволува целосна контрола врз спортскиот продукт, за разлика од Серија А каде што сте само тренер. Ќе поминам многу време во Англија оваа година.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...