Friday, 17 September 2010 16:38 Фудбал

Шпанија Спортскиот директор на Барселона, Андони Зубизарета го нападна поранешниот играч Златан Ибрахимович и го обвини за себично однесување


Ибрахимович во последните денови од летниот трансфер период се пресели од Камп Ноу на Сан Сиро по само една година помината во дресот на Барселона.

Причина за трансферот беше лошиот однос на шведскиот интернационалец со тренерот Пеп Гвардиола.

Но спортскиот директор на Каталонците, Андони Зубизарета го нападна 28 годишниот напаѓач и го обвини дека бил премногу себичен за да се прилагоди на стилот на игра на Барселона.

“Доколку го гледате фудбалот преку индивидуализмот, или индивидуалните акции, Ибрахимович припаѓа на таа листа.” – рече Зубизарета за ТВ каналот на Барса.

“Тој е извонреден фудбалер но кога јас реков дека ’случајот’ на Ибра е фудбалско прашање тоа беше така бидејќи на теренот не играте само кога ја имате топката туку играте и кога ја немата топката.”

“Потребно е да им дадете на вашите соиграчи опции и треба да одработите многу тактички замисли.”

“Треба да бидете способни да ги одработите добро двете работи: вашата индивидуална игра но и улогата со тимот.”

Ибрахимович при заминувањето од Барселона рече дека немал идеја зошто Гвардиола, кого го опиша како “филозоф’, бил желен да се ослободи од него и го обвини стратегот дека му го уништил сонот за играње во Барса.

“Кога влегував во собата, Гвардиола излегуваше, не знам дали тој се плашеше од мене или беше нешто друго.” – рече Ибра по враќањето во Серија А. “Зборувајќи со него, тој е оној што има проблеми.”

Зубизарета очигледно не обрнува многу внимание на ваквите изјави па со насмевка на лицето прокоментира: “Тие што сме блиски со Гвардиола, понекогаш го викаме така.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...