Wednesday, 15 September 2010 14:07 Фудбал

Англија Новото засилување на Ливерпул, Раул Мерелеш вели дека пристигнал на Енфилд со цел да освојува трофеи.


Пред крајот на преодниот рок, Меиралеш од Порто се пресели во Ливерпул за сума од 11,5 милиони фунти.
Фудбалерот од средниот ред дебитираше во второто полувреме од натпреварот со Бирмингем во минатото коло кој заврши без голови.

Покрај другото, Меиралеш говори и за разочарувањето кое го доживеал во 2007та на Енфилд кога со Порто беше поразен со 4-1 во натпревар од Лигата на Шампионите.

"Играв на Енфилд со Порто и загубивме со 4-1, но се сеќавам дека навивачите беа одлични. Сите во Португалија велат дека Ливерпул ги има најдобрите навивачи во Англија".

"Играв и против Челзи и Манчестер Јунајтед, но можам да кажам дека фановите на Ливерпул се најдобри. Возбуден сум што играм на Енфилд како фудбалер на Ливерпул".

"Се чувствував одлично на натпреварот со Бирмингем, но не бев среќен со резултатот. Сепак, Премиер лигата е фантастична".

"Џерард за мене е еден од најдобрите фудбалери во средниот ред во светот, а Торес е фантастичен напаѓач. Возбуден сум што играм со нив".

"Сакам да освојувам трофеи, со Порто освоив многу титули. Но сакам да освојувам со Ливерпул, имаме шанса за тоа бидејќи имаме добри фудбалери".

"Тешко ми беше да го напуштам Порто, бидејќи тоа беше мојот тим, но не можев да ја одбијам понудата од Ливерпул".

"Како Џерард и Карагер, и јас имав играно само во мојот град, за Боависта и Порто. Но сега почнувам нова авантура и возбуден сум поради тоа".

"Ми се допаѓа градот тука. Најдов куќа во која ќе живеам со мојата жена и ќерка ми, центарот во градот е прекрасен".

"Ме потсетува на Порто. Луѓето тука ја сакаат музиката, тоа нешто во кое и јас уживам, ги сакам Битлси. Мислам дека ќе бидам среќен во овој град".

"Мојата порака до фановите е дека ќе работам напорно за клубот да освои многу трофеи. Сите навивачи саат клубот да освојува трофеи и јас сакам да помогнам за тоа да се случи" - заврши Меиралеш.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...