Tuesday, 14 September 2010 16:02 Фудбал

Лига на Шампиони Масимилиано Алегри вели дека Милан нема да ги повторат грешките од дуелот со Чезена кога утре ќе се сретнат со Оксер во Лигата на Шампионите


Росоњерите во саботата неочекувано загубија на гостувањето кај Чезена со 2-0 иако во тимот дебитираа двете големи засилувања Златан Ибрахимович и Робињо.
Но на денешната прес-конференција, Масимилиано Алегри најави дека на утрешниот дуел со Оксер тие нема да ги повторат грешките и сите ќе видат еден поинаков Милан.

“Сигурен сум дека нема да ги повториме грешките од дуелот со Чезена на утрешниот натпревар со Оксер.” – рече Алегри.

“Верувам дека тоа беше чудна недела. Имавме многу висока победа над Лече, потоа пристигнувањето на Ибрахимович и Рубињо креираше ентузијазам.”

“Но за жал паузата за интернационални натпревари не спречи да работиме па нивната адаптираност стана потешка.”

“За да се победи во Серија А и во Европа потребна е огромна почит кон противниците. Во Италија, малите тимови се многу организирани и имаат голем ентузијазам.”

“За да се освојат три бода во првенството, потребно е да можете да победувате на натпреварите играјќи лошо. Не можеме да претпоставуваме дека секогаш ќе играме добро.”

За дуелот со Оксер, тренерот на Милан рече: “Потребно е да бидеме внимателни бидејќи тие имаат брзи фудбалери во нападот и по крилата.”

“Потребно е да играме добро и да бидеме внимателни во одбраната, нема да не чека лесен натпревар. Не сум го гледал Оксер во живо. Но имав можност да ги простудирам на В нивните последни два натпревари.”

“Ибра ќе игра од првата минута додека пак Тиаго Силва денеска ќе направи нови тестови и медицинскиот тим ќе го има зборот.”

Тренерот на Росоњерите потоа додаде: “Реал Мадрид и Милан се фаворит во оваа група, ајде да кажеме дека имаме 50% шанси да триумфираме во групата, но јас и тимот нема да бидеме задоволни со финиш на второто место.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...