Лига на Шампиони Вчерва започнува новата сезона од Лигата на Шампионите, Интер ја брани круната Европски шампион.

Интер и Горан Пандев ја започнуваат одбраната на титулата во Лигата на Шампионите.
Со речиси истиот играчки состав, единствено без Балотели, и со нов тренер, Рафа Бенитез, Нероазурите ќе се обидат да го направат она кое на никому не му успеало, одбрана на титулата во Лигата на Шампионите.
Стартуваат во Холандија, му гостуваат на Твенте, важат за фаворит, но не се очекува да имаат лесна задача.
Костурот на Барселона долго време е истиот, на Камп Ноу пристигна Давид Виља со што го направи нападот на Каталонците уште пострашен.
Вечерва Барса го пречекува Панатенаикос, очекувањата се дека лесно ќе ги прокнижи првите три бода во групата.
Големо внимание предизвикува "Битката за Велика Британија", Манчестер Јунајтед го пречекува Глазгов Ренџерс.
Се знае тука кој е голем фаворит, но дуелите помеѓу англиски и шкотски екипи секогаш биле многу повеќе од еден фудбалски натпревар.
Екипата на Тотенхем дебитира во најголемото европско натпреварување, Спарси на стартот гостуваат во Бремен кај Вердер.
Хари Реднап и неговите фудбалери сакаат да остават сериозен впечаток во првиот настап.
Лион го пречекува Шалке, двата тима не блескаат во домашните шампионати, имаат старт кој посакуваат брзо да го пребродат.
Во однос на минатата сезона и двата тима се засилија, но работите никако да тргнат кон подобро, можеби токму овој натпревар за некој ќе биде пресврт во сезоната.
"Осакатената" Валенсија патува на жешко гостување во Турција кај екипата на Бурсаспор.
Тимот од Местаља ги продаде најдобрите, Давид Виља и Давид Силва, но на стартот од Примера покажа дека и без нив знае да победува.
Слично како и Валенсија, и во Бенфика се случуваше летна распродажба, Ди Мариа и Рамирез заминаа во побогати средини.
Португалскиот тим вечерва влегува како голем фаворит против Хапоел Тел Авив, но тоа треба да го оправда и на теренот.
Израмнето се очекува да биде на натпреварот против ФК Копенхаген и Рубин Казан.
Русите се поквалитетен тим, но Данците ќе се обидат да ја искористат предноста на домашен терен.
1.коло, натпревари кои се играат вечерва:
Група А
20:45 ч. Твенте - Интер
20:45 ч. Вердер Бремен - Тотенхем
Група Б
20:45 ч. Бенфика - Хапоел Тел Авив
20:45 ч. Лион - Шалке
Група Ц
20:45 ч. Бурсаспор - Валенсија
20:45 ч. Манчестер Јунајтед - Глазгов Ренџерс
Група Д
20:45 ч. ФК Копенхаген - Рубин Казан
20:45 ч. Барселона - Панатенаикос.
Powered by: 24 FUDBAL.com.mk