Friday, 27 February 2009 14:59 Фудбал
Англиските медиуми пренесуваат дека во текот на денот екипата на Ливерпул...

 

...ќе соопшти дека извршниот директор Рик Пери ќе го напушти клубот
   
Само неколку часа откакоThe Times објави дека Ливерпул подоцна во текот на денот ќе објават дека Рик Пери ја напушта совојата позиција во клубот по крајот на сезоната, Црвените го потврдија заминувањето на извршниот директор.
“Извршниот директор Рик Пери ќе го напушти Енфилд по крајот на сегашната сезона.” – гласеше соопштението на официјалната страна на Ливерпул.
“Верноста на Рик кон Ливерпул е покажана преку неговата желба да обезбеди транзициониот период да се одвива ефектино и сме му благодарни за тоа. Тој секогаш ќе остане пријател на клубот.” – рече Том Хикс.
Неговиот сонародник Џорџ Жилет додаде: “Сакам да му се заблагодарам на Рик за одличните услуги кон клубот и аистенцијата која тој ни ја даваше откако ние го превзедовме Ливерпул. Тој е дел од успехот на клубот во последната декада и му посакуваме се најдобро во иднина.”
“Имав одлични 12 години во Ливерпул и сум екстремно горд на успесите на клубот во овој период.” – рече Пери.
“Победата во Мадрид беше убаво потсеќавање на колку високи победи имаме издвојувано и колку убави спомени имаме преживеано што го прави Ливерпул и неговите фанови посебни.”
“Ми беше привилегија што работев за овој клуб и како доживотен фан им посакувам на сопствениците, Рафа, играчите и прекрасниот персонал се најдобро во иднина.”
“Ќе заминам по крајот на сезоната знајќе дека клубот останува силен со фанови кој заслужуваат трофеи во сите натпреварувања во кои игра Ливерпул.”
Извршниот директор, кој подолго време е во конфликт со Бенитез околу моќта во клубот, ќе се раздели со Енфилд нешто што ќе преставува голема победа за менаџерот.
Весникот вели дека клубот и Пери подолго време преговараат за оштетата што конечно е договорена па ќе може и официјално да се соопшти разделбата.
Ваквиот развој на настаните помалку е шокантен и неочекуван и следува по доста турболентната недела во која Ливерпул мораа да негираат заминување на Бенитез.
Пред дуелот со Рел во Лигата на Шампионите, медиумите излегоа со шпекулации дека Рафа ќе си змине од Енфилд а обложувалниците дури ги сопреја уплатите за тоа дека Бенитез нема да биде тренер на Ливерпул следната сезона.
Бенитез исто така не сакаше да стави потпис на новиот договор доколку не добие дел од ингеренциите на Рик Пери при трансфер операциите па заминувањето на извршниот директор може ќе го забрза процесот на преговори за останување на Шпанецот.

 

 
Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...