ВИЦ

Си купил Мујо нов тачскриин на мобилен со голем екран. Не го користел многу време, а и никој не му се јавил, па го чувал на задниот џеп од панталоните. После напорниот ден, Мујо седнува и се слуша „крц“.

Мујо на тоа одговорил:
- Дај Боже да е кичмата!

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Tuesday, 07 September 2010 11:48 Фудбал

Шпанија Новиот дефанзивец на Реал Мадрид, Рикардо Карваљо вели дека Жозе Мурињо е најдобриот тренер во светот.


Реал Мадрид не импресионираше против Мајорка, но Рикардо Карваљо покажа одлична сигурност и беше еден од најдобрите фудбалери на тој натпревар.
Дефанзивецот многу добро го познава Жозе Мурињо, бидејќи со него работеше во Порто, Челзи и сега во Реал Мадрид.

Според Карваљо, новиот тренер на Кралевите е најдобриот во светот.

"Долги години го знам Жозе Мурињо и тоа ми е од голема помош тука бидејќи перфектно го знам начинот на кој работи" - изјави Карваљо за официјалната страна на Реал Мадрид.

"Тој е најдобриот тренер во светот, тренер кој точно знае што треба да направи".

Карваљо ги бодри своите соиграчи да го дадат најдоброто од себе и да забележат победа против Осасуна која ќе им ја зголеми самодовербата.

"Нашата дефанзива играше со голема самодоверба, но штета е што тоа не го капитализиравме со шансите кои ги имавме".

"Тоа беше единствената причина зошто не го добивме дуелот со Мајорка. Нормално, можевме да постигнеме еден или два гола и да го добиевме натпреварот".

"Игравме добро во дефназивата и имавме повеќе шанси во нападот. Ќе дадеме се од себе против Осасуна за да го добиеме тој натпревар и да ја оствариме првата победа оваа сезона".

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...