Monday, 06 September 2010 12:20 Фудбал

Италија Диего Марадона сака да го прослави својот 50ти роденден на Сан Паоло во Наполи, објавува Gazzetta dello Sport.


Легендата на светскиот фудбал, Диего Марадона своите најдобри денови од кариерата ги помина во Наполи каде што престојуваше седум години.
Марадона на Наполи му ги донесе првите и единствени две Скудета, Аргентинецот вели дека посакува да се врати во градот каде ги доживеа најдобрите моменти во кариерата.

"Во животот имав се, фамилија која ја сакав, фантастична кариера, и денес благодарение на Бога, нема што да побарам повеќе" - вели Марадона.

"Мојата единствена желба e уште еднаш да ги прегрнам луѓето од Наполи кои никогаш нема да ги заборавам".

"Има работи кои остануваат во вас и никогаш не можат да излезат. Освоив две Скудета и УЕФА Куп таму, како и Куп на Италија и Италијански Супер Куп".

"Но Наполи исто така ми беше важен за титулата која на Светското првенство ја освоив со Аргентина 1986 во Мексико. Наполи го напуштив во одлична физичка и ментална состојба бидејќи бев среќен одвнатре".

"Најубавиот дел од кариерата, најубавите моменти ги поминав во Наполи и сеуште имам пријатели таму" - заврши Марадона.

Според весникот, Марадона го повикал неговиот стар пријател Салваторе Бањи, да му помогне да организира натпревар на 30. октомври (роденденот на Диего) на Сан Паоло на кој ќе настапи со неговите поранешни соиграчи од Наполи.

Бањи ќе се сретне со претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис да види дали ќе биде возможно да се организира такво нешто.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...