Thursday, 26 August 2010 18:20 Фудбал

Шпанија Жозе Мурињо вели дека бил погоген од желбата на играчите на Реал за успех и додава дека му е задоволство да работи со нив и покрај тоа што тие ’не се перфектен тим’


’Специјалниот’ денеска разговараше со UEFA.com за новите предизвици што му претстојат во Шпанија и Европа со неговиот нов клуб Реал Мадрид.

Запрашан за неговите импресии од Реал по пристигнувањето во Мадрид, Мурињо рече: “Она што ме погоди најмногу е желбата на играчите за победа.”

“И покрај тоа што многу луѓе мислат, овие играчи не се чувствуваат во комфорна зона само поради тоа што играат во Реал Мадрид.”

“Напротив сосема е спротивно – играчите сакаат да победуваат и да се подобруваат.”

“Мене ми се допаѓа да работам со ваков тим. Не е перфектен тим, ниту пак тим што сега е составен, но е задоволство да се работи со играчите што се тука.”

Ова лето на Сангијаго Бернабеу пристигнаа шест нови имиња а од клубот замина легендата Раул Гонзалес.

“Секако дека јас сакав тој да остане бидејќи е симбол на Реал Мадрид, симбол на одличен професионализам, тој е симбол на еден победнички Реал и историска фигура за клубот.”

“Сепак, во исто време, мислам дека тој е играч што заслужува слобода каква што клубот му даде за да одличи каков правец да одбере во својот живот.”

“Тој е интелегентен човек кој сака да игра на секој натпревар и разбира дека со Гонзало Игуаин и Карим Бензема – двајца напаѓачи со 22 години – ќе има малку шанса за настап; тој донесе храбра одлука.”

Реал Мадрид во последните шест години ја нема поминато првата нок-аут фаза во Лигата на Шампионите и Мурињо беше запрашан дали тоа става додатен притисок.

“Не размислувам за тоа. Проблемот со Мадрид е тоа што клубот не е во првиот шешир во ждрепката, тие го загубија својот статус.”

“Мојата традиција како тренер секогаш е таква – така беше кога пристигнав во Порот, Челзи и Интер, тимови кои не беа во првиот шешир.”

“Сум немал среќа да пристигнам во тим кој ќе биде во првиот шешир. Поради ова, работите за вас се многу потешки бидејќи најпрво имате силни противници од првиот шешир во вашата група, со што многу е тешко да завршите на првото место, и доколку не завршните тоа значи дека ќе имате силен противник во следната фаза.”

Барселона минатата сезона во два наврати славеше на Ел Класико и Мурињи признава дека победникот на дерби натпреварот има голема предност во битката за трофејот.

“Очигледно е дека сезоната се состои од 38 натпревари но натпреварите помеѓу тимовите што се борат за титулата се секогаш важни.”

“Минатата сезона, Интер ги доби двата дуели со Милан. Барселона ги доби двата дуели со Реал Мадрид и беше шампион. Челзи ги доби дуелите со Манчестер Јунајтед и беше шампион.”

“Натпреварите помеѓу ривалите за титулата се важни. Јасно е дека овие два натпревари се поважни од останатите 36.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...