Wednesday, 18 August 2010 14:27 Фудбал

"Секогаш сакав да играм за најдобриот клуб во светот"

Шпанија Месут Озил го комплетираше трансферот во Реал откако стави потпис на шетгодишен договор и изјави дека секогаш сакал да го носи дресот на Кралевите...


Германскиот интернационалец денеска најпрво ги помина лекарските прегледи за околу 13:45 да пристигне на Сантијаго Бернабеу за официјално да ја комплетира преселбата во Реал Мадрид.

Поранешната ѕвезда на Вердер Бремен стави потпис на шестгодишен договор со Реал Мадрид а на цероминијата присуствуваа потпретседателот, Едуардо Фернандез де Блас, генералниот директор Хорке Валдано, спортскиот директор Мигел Пардеза и членови на бордот.

По завршувањето на формалностите, Озил во придружба на Валдано се појави пред медиумите.

Шпекулациите го поврзуваа Озил со преселба во Манчестер Јунајтед, Барселона и Интер но плејмејкерот вели дека тој секогаш сакал преселба во Реал.

“Разговарав со моите агенти и ги разгледував опциите што ги имав, но секогаш сакав да бидам во најдобриот тим во светот а тоа е Реал Мадрид.” – рече Озил.

“Исто така сакав да соработувам со најдобриот тренер, Жозе Мурињо. Разговарав со него и тој ме убеди да се преселам тука. Затоа сум во Реал.”

“Се до вчера, ништо не беше одлично, но задоволен сум што целава ситуација имаше среќен крај. Ова е голем предизвик за мене. Чест ми е да играм за Реал.”

Запрашан дали бил привлечен да игра за Барселона, Озил одговори: “Отсекогаш сакав да играм тука, во најдобриот клуб во светот. Сега се надевам дека ќе се унапредувам, дека ќе го дадам максимумот и ќе имам одлична сезона.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...