Sunday, 22 February 2009 23:56 Фудбал
Екипата на Ливерпул одигра само 1-1 против Манчестер Сити...

 

...на Енфилд со што загуби нови бодови во битката за титулата, Фулам се победа од 2-0 се искачи во топ 8, Њукасл и Евертон одиграа реми без погодоци
   
Ливерпул започна офанзивно и тргна по трите бода од самиот старт бидејќи по вчерашниот триумф на Манчестер Јунајтед пред натпреварот имаа 8 бода негатива.
Риера биеше покрај голот по дадавањето на Арбеола. Потоа во шанса се најде и Торес по асистенциата на Бенајун но Шпанецот биеше непрецизно.
Во шанса за погодок се најде и Дирк Кајт но Ричард Дан и Мика Риџард беа поуспешни во дуелите со напаѓачот на Ливерпул.
Гостите можеа да дојдат во водство по половина час игра откако Досена загуби една топка кој беше веднаш додадена до Робињо.
Бразилецот го проигра Ирланд кој се најде осамен пред голманот Рејна, но Шпанецот успеа да го одбрани првиот удар додека во вториот обид Ирланд го погоди само надворешниот дел од мрежата.
До крајот на првиот дел Торес им овозможи добри прилики на Риера и Бенајун, но двата обиди беа многу непрецизни, а неуспешен обид имаше и Кајт чиј удар со глава заврши над стативата.
По само четири минути во вториот дел, Сити беше во предност. Робињо нафрли топка во шеснаесетникот а Компани ја спушти до Белами.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул, шутираше од врвот на шеснаесетникот и топката го закачи Арбелоа и го изненади Рејна.
Кајт ги врати во игра црвените во 78та минута. Бенајун нафрли една топка од левата страна, а Торес се убиде да шутира но не ја зафати најдобро топката и таа се стркала до нозете на Кајт кој не погреши и со удар од пет метри го совлада Гивен.
Кајт потоа имаше прекрасен удар од околу 30 метри но Гивен беше на висината на задачата.
Голманот на Сити ги покажа своите квалитети и при ударот на Бенајун неколку минути подоцна кога успеа да ја одбие топката од торпедото кое го исрати Израелецот од срцето на шеснаесетникот.
Бенајун стигна до одбиената топка и упати удар со глава кој заврши во раката на Дан но судијата не досуди ништо.
Ливерпул силно притискаше во последните минути но не успеа да постигне и втор погодок со кој ќе го задржеа чекорот со водечките Јунајтед.
Фулам се проби во топ 8те по денашниот триумф над ВБА. Избраниците на Рој Ходсон забележаа победа од 2-0.
Домакините ја погодија рамката од голот на ВБА дури четири пати но имаа среќа што успееа и двапати да ја затресат мрежата.
Првото полувреме заврши со 0-0 и изгледаше дека ова може да биде фрустрирачко попладне, но Боби Замора успеа да го скрши отпорот по еден час игра.
Во 72та минута Енди Џонсон го зголеми водството за да ја обезбеди победата на Фулам.
Лошото попладне за ВБА се надополни со промашениот пенал на Роман Беднар во завршните минути.
Со овие три бода, Фулам се избори за место во топ осум на табелата додека пак ВБА остана закован на дното.
На последниот денешен натпревар, Њукасл со играч помалку успеа да се избори за бод против Евертон.
Домакините сигурно се задоволни со бодото бидејќи го одиграа цело второ полувреме со играч помалку.
Кевин Нолан доби црвен картон за стартот над Виктор Аничебе на една минута пред крајот на првиот дел.
Натпреварот исто така го одбележа и повредата на Артета за кого најверојатно сезоната е завршена.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...