Monday, 16 August 2010 14:28 Фудбал

Германија Ули Хенес упати силни критики кон фудбалските федерации на Франција и Холандија за третманот кон Франк Рибери односно Аријен Робен


Претседателот на Баерн Минхен не е задоволен што Фудбалската Федерација на Франција го повика Франк Рибери во Париз за фудбалерот да сведочи за штрајкот на репрезентативците на Триколорите во Јужна Африка.

“Немаме намера да му дозволиме на фудбалерот да се врати во Франција бидејќи сме во сред подготовки.” – рече Хенес за Bild.

“Тие немаат никакво почитување.”

“Рибери утре нема да патува во Париз, бидејќи за четири дена го имаме првиот натпревар во новата сезона од Бундеслигата.”

Хенес потоа им порача на луѓето од ФФФ ’ако сакате нешто, дојдете тука’ и додаде дека очекува Рибери оваа сезона да прикаже одлични перформанси.

“Апсолутно сум убеден дека Франк ќе не направи среќни и ќе се врати на извонредните перформанси кои ги прикажуваше благодарејќи на поддршката што ја доби од тимот.”

Хенес исто така упати критики и до Фудбалската Федерација на Холандија за случајот на Аријен Робен, кој ја обнови повредата што го мачеше на Светското Првенство и ќе паузира два месеци.

“Со Милер-Волфарт ние го имаме најдобриот доктор во светот кој секогаш дава дијагноза која е точна 100%.”

“Доколку господинот Ван Торн не бил способен да препознае повреда, тогаш тој треба да си купи наочари.”

“Робен на Светското Првенство играше повреден и сега ние треба да ја платиме сметката. Тоа е неприфатливо.”

“Сигурно ќе бараме оштата од Холандија.”

Претседателот на Баерн исто така откри дека постои можност тие да настапат на трансфер пазарот во обид да ангажираат лев бек.

“Сеуште има време, трансфер пазарот сеуште е отворен. Можно е да направиме некој трансфер и доколку го сториме тоа дефинитивно ќе биде за покривање на левата бековска позиција.”

“Но нема да плаќаме неприфатливи суми.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...