Monday, 16 August 2010 14:22 Фудбал

Шпанија Манчестер Сити и Милан до последниот ден од летниот трансфер период ќе се борат за ангажман на Златан Ибрахимович


Sport вели дека во овој момент иднината на Златан Ибрахимович е во Барселона, но доколку до Каталонците пристигне примамлива понуда тие ќе се ослободат од шведскиот интернационалец.

Весникот додава дека Манчестер Сити и Милан се двата клуба кои до самиот крај на трансфер перидот ќе прават обиди да стигнат до услугите на шведскиот интернационалец.

Извештајот на Sport говори дека ’Граѓаните’ не губат надеж околу можноста да го ангажираат Ибрахимович и имаат финансиски ресурси за да комплетираат еден ваков трансфер.

Пред неколку дена во Англија проструи информацијата дека Сити е подготвен Ибра да го направи фудбалерот со најголеми примања нудејќи му четиригодишен договор вреден 96 милиони фунти односно 116 милиони евра.

Ваквата мега понуда е компензација за тоа што Сити не може да му понуди на Ибра настап во Лигата на Шампионите и според Sport напаѓачот е привлечен од идејата повторно да соработува со Роберто Манчини, неговиот тренер од Интер со кого освои две Скудета во Серија А.

Но од можноста да го ангажира Ибрахимович не се откажува и Милан.

Сепак Росоњерите можат да го ангажираат шведскиот интернационалец само на едногодишна позајмица.

Според Sport, Барселона е подготвена на една ваква зделка но само доколку Росоњерите ја исплаќаат платата од 12 милиони евра што ја добива Ибра.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...