Thursday, 01 August 2019 11:57 Фудбал

Германија | Кингсли Коман нема среќа со повредите, младиот Французин синоќа влезе против Тотнем и се повреди за пет минути, Нико Коваќ излезе со прва прогноза и вели дека најверојатно не е ништо страшно.



Офанзивниот фудбалер мака мачи со повредите изминативе две-три години, два пати ги оштети лигаментите на скочниот зглоб и паузираше со месеци. Тој неодамна најави дека дури ќе размисли и за пензија доколку одново мора да помине низ тој болен процес на операции и долга рехабилитација.

Очигледно Кингсли Коман нема среќа, Французинот синоќа се повреди и тоа само неколку минути откако влезе во игра на пријателскиот натпревар против Тотнем.

По еден дуел со Фојт, играчот на Баерн доби удар во коленото па со фрустрирано лице и одмавнувајќи со главата го напушти теренот.

Нико Коваќ по крајот на натперварот излезе со прва прогноза и рече: „Се надевам дека не е ништо страшно и дека тој ќе се врати за неколку дена. Доби удар, тоа најчесто е многу болно“.

На прв поглед се чини дека Кинглси Коман помина добро со оглед на тоа дека играчот сам чекореше кон соблекувалната, но знаајќи ја неговата историја со повредите, ништо не е сигурно додека не излезат резултатите од тестовите.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...