Thursday, 01 August 2019 11:46 Фудбал

Англија | Токспорт пренесе дека „ѓаволите“ формално доставиле понуда од 80 милиони фунти за услугите на Хари Мегваер, ова е последен предлог и Лестер има рок до понеделник да се изјасни.



Манчестер јунајтед тргна во финална офанзива по потписот на Хари Мегваер. Клубот од Олд Трафорд со месеци се обидува да го ангажира дефанзивецот но Лестер не се откажува лесно и бара рекордна сума (се верува околу 90 милиони фунти).

Скај Спортс веќе најави дека „ѓаволите“ се подготвени да понудат 80 милиони фунти, и Токспорт сега пренесе дека формален предлог со оваа сума е испратен до „лисиците“. Новинарот Џон Вајт објави дека се работи за понуда земи или остави, односно Манчестер јунајтед нема намера да плати повеќе и ова е нивниот последен предлог.

Лестер исто така е известен дека овој предлог на маса ќе стои неколку дена и тие до понеделник ќе треба да се изјаснат, во спротивно „ѓаволите“ ќе се повлечат од преговорите.

Доколку биде прифатена понудата, Хари Мегваер ќе стане најскапиот дефанзивец во светот, рекордот во моментов го држи Вирџил ван Дајк, за кого беа платени 75 милиони фунти во јануари 2018.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...