Wednesday, 31 July 2019 19:56 Фудбал

Останато | Борусија Дортмунд повторно го испрати Андре Шурле на позајмица, напаѓачот кој беше светски шампион со Германија во 2014, во новата сезона ќе го носи дресот на Спартак.



„Црвено-белите“ од Москва ќе можат да се пофалат дека во свите редови имаат светски шампион. Спартак денеска го донесе на позајмица Андре Шурле.

Германецот, кој му асистираше на Геце за победоносниот гол во финалето на СП 2014, има кариера полна со подеми и падови.

По одличните настапи во дресот на Баер Леверкузен, го привлече вниманието на Челси и направи богат трансфер во Лондон. Но откако не се изнаигра на Стемфорд Бриџ, се врати во Бундеслигата и потпиша за Волфзбург.

Во дресот на „Волците“ тој одново блесна, па следуваше нов трансфер и стана рекордно засилување за Борусија Дортмунд откако беа платени 30 милиони евра за неговите услуги.

Но на Сигнал Идуна Парк следуваше нов пад во формата, минатата сезона беше пратен на позајмица во Фулам, со кого испадна од Премиерлигата.

Каква ќе биде сега неговата авантура во Москва останува да видиме.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...