Tuesday, 16 July 2019 18:02 Фудбал

Шпанија | Останува дилемата колку Тотнем треба да е задоволен во однос на сумата која треба да ја добие како обештетување, со оглед на фактот што станува збор за доста квалитетен бек со актуелен договор кој важи до 2022. година.



Кјеран Трипие веќе отпатувал за Шпанија, за да го комплетира неговиот трансфер од Тотнем во Атлетико Мадрид, трансфер кој според очекувањата треба да изнесува околу 20 милиони фунти.

„Телеграф“ пишува дека Спарси му дале зелено светло на 28 годишниот англиски репрезентативец да преговара со Атлетико Мадрид во пресрет на редовните медицински прегледи, па така тој дури не е на програмата за турнејата на Тотнем во Азија.

Тотнем во текот на утрешниот ден треба да замине на претсезонски подготовки во Сингапур, а Трипие според пишувањата на „Телеграф“ не е планиран да се најде на летот, па очекувањата се дека тој е мошне близу потпис со Атлетико Мадрид.

Јувентус и Наполи исто така беа сериозно заинтересирани за потписот на еден од најдобрите бекови во Премиерлигата, меѓутоа изминатиов период Атлетико Мадрид беше клубот кој реагираше на вистински начин, а „Јорганџиите“ во Трипие гледаат наследник на Хуанфран, а пред Англичанецот, имаа интерес и за услугите на Ектор Бељерин.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...