Thursday, 04 July 2019 17:56 Фудбал

Шпанија | Веројатно е дека Малком е кандидатот број еден да ги напушти редовите на Барселона уште ова лето, а со евентуалното заминување на Бразилецот, би се отворил и административниот пат во обидите да се врати неговиот сонародник Нејмар.



Постојат многу комплицирани аспекти во обидите на Барселона да го врати Нејмар во својот состав, еден од тие е фактот што Бразилецот нема европски пасош, па тука се отвора прашањето кој е на излезна врата од Камп Ноу.

Во текот на претходниот престој во Шпанија, Нејмар ја започна постапката за добивање пасош, беше близу до реализација на тој план, а се споменуваа септември и октомври како можни периоди во 2017. година за добивање на шпански пасош, меѓутоа, неговата преселба во Париз во август истата година го прекина тој процес.

Само тројца фудбалери со пасош вон границите на ЕУ можат Каталонците да имаат во својот состав, а веќе ги имаат во Артур, Видал и Малком, еден од нив може да го напушти Камп Ноу ова лето, а веројатно е дека Малком е најизвесниот кандидат за таква судбина.

Бразилецот веројатно ќе биде фудбалерот кој ќе биде жртвуван во оваа ситуација, со оглед на фактот што не добива минутажа во дресот на Барселона, а со оглед на тоа што Артур и Видал веќе се докажаа пред Валверде.

Постојат повеќе клубови кои се заинтересирани за 22 годишниот Малком, па доколку се реши неговиот статус, секако дека тоа ќе биде олеснителна околност за Каталонците во обидите да се врати Нејмар во тимот.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...