Wednesday, 04 August 2010 16:43 Фудбал

Италија Агентот на Милош Красиќ, Владо Борозан вели дека Јувентус најпрво треба да продаде некои играчи пред да го ангажира неговиот клиент


Се шпекулира дека српскиот интернациналец е пред преселба во Јувентус откако Старата Дама повторно ги обнови преговорите со ЦСКА Москва по неуспешниот обид да се ангажира Един Џеко.

Агентот на Красиќ за Италија, Владо Борозан во интервју за Sky Sport 24 откри дека Јувентус најпрво треба да продаде некои свои играчи пред да го ангажираат Милош Красиќ.

“Со клубот од Москва може да се затвори зделката за 15 милиони евра.” – рече Боразан.

“Висината на обештетувањето е намалено од 18те милиони кои беа побарани пред два месеци но најпрво Јувентус треба да продаде некои играчи за да биде комплетирана зделката.”

“Проценти за реализација на трансферот? Во денешниот трансфер пазар не вреди да се даваат проценти но можам да кажам дека  шанси за трансфер на Милош во Јувентус се 50%.”

“Сигурно е дека мојот клиент сака само преселба во Јувентус и доколку не се реализира трансферот во Торино тој ќе остане во Москва.”

Во меѓувреме се огласи и Марко Налетилиќ, кој исто така е еден од агентите на Милош Красиќ.

“Пред два месеци ЦСКА побара 18 милиони евра додека пак Јуве понуди 14 милиони.” - рече Налетилиќ за Sky Sport 24.

“Русите се надеваа дека во текот на Светското Првенство цената на играчот ќе порасне.”

“Сега мислам дека има можност да се постигне договор за 15 милиони евра.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...