Wednesday, 04 August 2010 16:24 Фудбал

Шпанија Барселона славеше со 5-2 на дуелот со Ол-Стар тимот на К-Лигата а Лионел Меси за 15 минути игра постигна два погодоци

Голема прашина се крена околу настапот на Лионел Меси во Сеул откако тренерот Пеп Гвардиола на прес-конференцијата изјави дека не сака да го употреби аргентинскиот интернационалец во обид да се избегне несакана повреда.
Ваквиот потег ги разочара фановите во Јужна Кореја а дури се појавија и шпекулации дека Барселона ќе треба да плати пенали доколку Меси не настапи.

Но по преговорите одржани вчера помеѓу претставници на Барселона и промотерот на турнејата на Барса во Азија беше одлучено Меси да одигра ’неколку минути’.

Аргентинскиот интернационалец денеска влезе во 30та минута и одигра до крајот на првиот дел и во овие 15 минути успеа да постигне два погодоци.

Но Ол-Стар тимот на К-Лигата беше тој што прв дојде во водство благодарејќи на погодокот на Кои Сунг уште во првата минута.

Пет минути подоцна Златан Ибрахимович го изедначи резултатот по додавањето на Џонатан Дос Сантос за во 36та минута Ол-Стар тимот од К-Лигата повторно да дојде во водство преку Донг Гок.

Во финишот на првиот дел на сцена стапи Лионел Меси кој најпрво се запиша во листата на стрелци во 42та минута за во 45та минута уште еднаш да ја затресе мрежата со прекрасен погодок во горниот агол.

Во 81та минуте Виктор Санчез зголеми на 4-2 а две минути подцна Хонатан Сориано ги постави конечните 5-2.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...