Friday, 31 May 2019 21:23 Фудбал

ЕВРО 2020 | Селекторот на Германија, Јоаким Лев ќе ги пропушти дуелите против Белорусија и Естонија во квалификациите за ЕВРО 2020 по наредба на докторите, стратегот мора да мирува откако му паднал тег на градите.



Фудбалската федерација на Германија денеска соопшти дека на следните два меча на „Панцерите“ главен ќе биде асистентот Маркус Сорг. Јоаким Лев по наредба на докторите мора да мирува околу четири недели.

Од ФФГ не открија детали и само порачаа дека Јоаким Лев морал да остане во болница поради спортска несреќа.

Медиумите пишуваат дека селекторот се повредил пред неколку недели, кога му паднал тег врз градите. Тој во прв момент мислел дека не е ништо страшно, но поради проблеми со циркулацијата морал да биде пренесен во Универзитетската клиника во Фрајбург.

„Се чувствувам добро, но морам да бидам поштеден во следните четири недели. Во постојан контакт сум со мојот тренерски персонал, и комуникацијата ќе продолжи и во следните денови. Маркус Сорг, Анди Кепке и Оливер Биров имаат големо искуство, и сигурен сум дека заедно ќе го надминат овој проблем кој се појави“ – вели Јоаким Лев.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...