Friday, 24 May 2019 16:21 Фудбал

Лига на Шампиони | Весникот „АС“ пишува дека цените за сместување во Мадрид за време на викендот кога е финалето од Лигата на шампионите достигнале астрономски височини, во некои хотели и по 1000 евра од ноќ.



Кога Супер Купот на Европа се играше во Скопје, сите хотели, речиси без исклучок ги кренаа цените до врв, но не е така само кај нас. Последен кој тоа го прави е Мадрид.

На 1. јуни во Мадрид се игра финалето од Лигата на шампионите меѓу Тотнем и Ливерпул и се очекува пристигнување на околу 100.000 туристи тој викенд во шпанската метропола.

Англичаните се бунат на високите цени во понудите на хотелите за време на финалето од Лигата на шампионите. Сумите кои ги бараат хотелите се многу, многу повисоки од редовните кои ги имаат.

Цените за две ноќи во хостел за двајца возрасни се 2000 евра. Две недели подоцна таа иста сума за два дена чини помалку од 250 евра.

Во хотел од три ѕвезди ако одите во некој обичен викенд ќе ве чини 135-150 од ноќ. За финалето од Лигата на шампионите најевтината опција е 500 евра.

Хотел со две ѕвезди достигнува цена и до 700 евра за една ноќ. А оние со четири ѕвезди во централното подрачје на Мадрид, достигнуваат до 1900 евра.

Во близина на стадионот Ванда Метрополитано цените за приватен смештај во соба се движат од 350 до 809 евра за една ноќ.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...