Tuesday, 14 May 2019 16:39 Фудбал

Англија | За Французинот подолг период се шпекулира дека е на излезна врата од Олд Трафорд, можеби инцидентната ситуација со навивачите на тој клуб по поразот од Кардиф дополнително ја отвори таа опција, а Патрис Евра вели дека неговиот сонародник ќе си замине од Премиерлигашот и се произнесе околу таквото очекување.



Пол Погба ќе си замине од Манчестер јунајтед по критиките кои стигнаа на негова адреса од фановите на тој клуб, верува Патрис Евра, негов сонародник и поранешен член на Црвените ѓаволи во изјавата за Скај Спортс.

Манчестер јунајтед со пораз од испаднатиот Кардиф, и тоа пред своја публика со 0-2 ја заврши сезоната во Премиерлигата, а токму Погба беше фудбалерот кон кого се чини најмногу се нафрлија навивачите на тој клуб, тие не се штедеја на коментарите, па еден од нив го нарече Французинот сра*е.

„Не е дека сум во одбрана на Пол, меѓутоа кога постојат инциденти како тој со навивачот, тие едноставно го убиваат него“ смета Евра.

„Само бидејќи тој е Пол Погба, тој има посебни фризури, танцува, неговите објави на социјалните мрежи, се’ околу него, луѓето го критикуваат постојано, а забораваат за каков фудбалер станува збор, само тој и Де Хеа можат да играат за голем клуб во Европа“ додава Евра.

„Мислам дека ќе си замине, бидејќи треба да ја чувствувате љубовта кога играте некаде, треба да имате посветеност, доколку Пол одлучи да остане уште една година, а потоа да си замине, или да остане уште неколку години, можеби навивачите ќе го засакаат бидејќи тој ќе биде посветен, навивачите на јунајтед тоа го посакуваат, кога велите дека сте посветен“ заклучи Французинот.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...