Friday, 05 April 2019 20:34 Фудбал

Италија | Од синоќа, од Шпанија почна да кружи вест за убав гест на Фиорентина со кој „виолетовите“ му го продолжиле договорот на трагично загинатиот Давиде Астори, но за жал ова не е ништо повеќе од „фејк њуз“.



На 4. март минатата година, Калчото беше погодено од тажна вест, капитенот на Фиорентина, Давиде Астори почина во сон пред дуелот со Удинезе.

Оваа голема фудбалска трагедија одново е актуелна сега, откако од Шпанија почнаа да пристигнуваат информации за убав гест на „виолетовите“ кои постхумано му го продолжиле договорот на трагично загинатиот дефанзивец, и парите ќе одат кај неговото семејство.

Голем број на весници, од синоќа почнаа да пишуваат вест со следниот наслов, „Фиорентина со доживотен договор за Астори“.

Сториите брзо се проширија преку социјалните мрежи и почнаа да се објавуваат низ целиот свет. Но во Италија, каде што треба да се најдобро упатени за случувањата на „Артемио Франки“ нема ништо на оваа тема.

Неколку веб страни блиски до Фиорентина пак пишуваат дека се работи за „фејк њуз“ и не разбираат како некој се обидува да шпекулира за ваков трагичен настан. Тие исто така прашуваат „Како може да му се даде доживотен договор на лице кое повеќе не е помеѓу нас? Како тој ги потпишал документите?“, и посочуваат дека ова е правно неизводливо.

Фиорентина веднаш по трагичниот настан најави дека ќе се погрижи за семејството на Давиде Астори, и веќе основа фонд од 1,5 милиони евра за неговата мала ќеркичка Виторија.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...