ВИЦ

Разговараат три момчиња. Првото вика:
- Mojoт брат е поп па кога оди по улица сите му викаат оче.
Другиот вели:
- Мојот брат е кардинал. Кога оди по улица сите го нарекуваат екселенцијо.
Третиот се помислил и вика:
- Мојот брат има 315 килограми. Кога оди по улица сите му викаат Господи Боже!

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Tuesday, 02 April 2019 20:57 Фудбал

Македонија | На прес конференција денеска официјално беше претставен Благоја Милевски за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, тој доаѓа на местото каде го направи најголемиот успех.



Во 2017 година Македонија У21 година играше на Европското првенство во Полска на чело со Благоја Милевски, тоа е најголемиот успех во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал.

По авантурата во Израел, Милевски се врати во Македонија и повторно стана селектор на надежите, тој ќе ги предводи низ квалификациите за новото Европско првенство на кое ќе учествуваат 16 селекции за разлика од претходно кога беа по 12. Играчите се други, но целта е таа, Македонија повторно да игра на континенталното младинско првенство.

„Ми претставува чест и задоволство што ФФМ изрази желба да соработуваме повторно. Се надевам дека ќе имаме успешна соработка во иднина. Се наоѓаме пред предизвик, Имаме тешка група во која Шпанија е фаворит, но група во која ќе се надигруваме со сите ривали. Професионалноста пред се ќе ја одликува оваа селекција, тие што ќе се прилагодат на тој начин ќе бидат дел од тимот. Имавме селективен камп во Анталија, одигравме три меча и сите добија подеднакво шанса. Задоволен сум од тоа што го видов, без оглед на резултатите, задоволен сум како игравме, истакна Милевски.

„Целта е пласман на Европско првенство. Тоа не значи дека на фудбалерите ќе им наметнеме притисок дека мора да се пласираат на ЕП. Ние не сме Шпанија, Бразил или Германија. Мора да направиме сѐ ако ни се укаже шанса. Комплексот од пониска вредност е зад нас, а тоа е поткрепено и кога ќе ја видам А-селекцијата во која шест играчи се првотимци од оваа селекција и уште тројца се меѓу 18 во составот“.

„Разочаран сум што некои странци добиваат повеќе шанса во домашните екипи, а не се ништо подобри од нашите млади фудбалери. Не ги цениме доволно потенцијалите на нашите млади фудбалери. Затоа ќе дадам предлог на ФФМ - да се модифицира правилото за настап на фудбалер до 21 година. Тој млад играч мора да игра минимум 45 минути, а не како сега, да се менува голман уште од првата минута“.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...