Thursday, 28 March 2019 19:06 Фудбал

Македонија | Една победа, две ремија и дури три порази во низа е билансот на Романтичарите во последните шест натпревари во прволигашкото друштво, а Тасевски ја презеде одговорноста за лошите резултати...



.По третиот пораз во низа во нашиот најсилен фудбалски шампионат, тренерското столче во Работнички ќе претрпи промени, тимот од Дебар Маало игра во очајна форма, а Жикица Тасевски си поднесе неотповиклива оставка по денешниот пораз во градското дерби со Вардар.

Веста е официјално потврдена и на сајтот на македонскиот прволигаш, а Тасевски ја презеде одговорноста за слабите резултати на скопскиот тим, тој се заблагодари на раководството на клубот за довербата и условите кои ги имал на располагање.

„Поднесов неотповиклива оставка поради за мене неприфатливата ситуација во која се наоѓа мојот клуб. Работев, посветено, искрено секогаш подготвен за стручна анализа и одговорност за сопствените дела. Резултатски не бевме најдобри тоа треба да го признаеме, а кој го познава денешниот фудбалски поредок тоа секако ќе го разбере“ стои во изјавата на Тасевски, објавена на официјалниот клупски сајт на Дебармаалци.

„Сакам да се заблагодарам на претседателот Драган Поповски и на директорот Иван Поповски за довербата и условите за работа кои ни беа овозможени. Им посакувам на сите во клубот многу среќа во продолжението на првенството. Ќе бидам најсреќен ако моето заминување биде пресвртница кон нови успеси достојни за клуб каков што е Работнички!“, додаде Тасевски.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...