Wednesday, 28 July 2010 11:37 Фудбал

Англија Според медиумите од АНглија, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за голманот Аднрес Линдегард кој се најавува како ’новиот Петер Шмајхел’


26 годишниот Данец, кој во моментов настапува за клубот од Норвешка Алесундс, изгради репутација на ’новиот Петер Шмајхел’ и се очекува наскоро да се пресел во некој од топ клубовите во Европа.
Помеѓу заинтересираните страни е и Манчестер Јунајтед, клубот кој во 1991 година го ангажираше Шмајхел за 550 000 фунти од Бронби.

’Црвените Ѓаволи’ чувствуваат дека Линдегарт има потенцијал да ги следи стапките на неговиот сонародник и веруваат дека ангажман на голманот е инвестиција за иднината.

Јунајтед е во потрега на нов голман со оглед натоа дека Едвин ван дер Сар е пред крајот на својата кариера а Бен Фосторе, кој важеше за голема надеж на Англија не ги оправда очекувањата и беше продаден на Бирмингем.

Линдегард ќе преставува многу поефтина опција во споредба со другите голмани за кои медиумите шпекулираат дека се цел на Сер Алекс и според агнетот на Данецот, Линдегард наскоро би можел да се пресели во Англија.

“Андерс игра на многу високо ниво подолго време и тоа сега е применето од многу клубови ширум Европа.” - рече поранешниот голман на Ливерпул, Михаел Штенсгард за Manchester Evening News.

“Тој апсолутно ја поседува способноста да игра во Премиер Лигата.”

Но постои можност Сер Алекс Фергусон да не настапи на трансфер пазарот во потрага на голман бидејќи Шкотот е импресиониран од прогресот што го бележи Бен Амос.

20 годишниот голман во моментов е трет избор на Олд Трафорд, зад Ван дер Сар и Томаш Кушчак, но на Амос му се предвидува блескава иднина и тој би можел да биде долгорочно решени за ’Црвените Ѓаволи’.

“Мислиме дека тој е извонреден млад голман.” – рече Фергусон. “Тој има неверојатна физиономија и ја подобрува брзината.”

“Кога е во прашање искуството, ќе треба да почека бидејќи Едвин ван дер Сар сеуште покажува добра форма а и Томаш Кушчак е многу добар. Но неговото време ќе дојде бидејќи има способност.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...